Најдените коски во Гостивар се човечки – ќе се испитува како починале


skelet

Експерт за обдукција претпладнево оцени дека откопаните коски кои беа пронајдени при копањето за изградба на зграда во Гостивар, се од најмалку двајца луѓе и се стари најмалку половина век.

Коските, вчера ги открил машинистот Х.И. (55) додека копал со багер темели за зградата која треба да се гради. Кога ги забележал коските, тој веднаш запрел со работа. Откако газдата на фирмата – инвеститор на зградата пријавил во полиција, за случајот бил известен и истражен судија.

Според жителите во околните куќи, на местото каде што се откриени коските немало гробишта, ниту пак таков случај бил забележан во минатото, пренесува МИА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1