-Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија оваа информација, но како што ни изјавија, падот на Тарчуловска го водат како „несреќен случај“.
Поради тоа полицијата не водела дополнителна истрага за околностите за инцидентот со македонската фолкерка, а за сите информации не упати на брачниот пар Тарчуловски, објави Нова Македонија.
Од Ургентниот центар се уште не даваат информации дали Соња Тарчуловска синоќа побарала лекарска помош.
Повеќе медиуми објавија дека со тешки повреди по телото Соња била пренесена на комплексот клиники во Скопје, каде поради тежината на повредите била задржана на понатамошно испитување и лекување. Неофицијално, лекарите констатирале скршеници на неколку ребра, на едната рака и на р‘бетниот столб.