Каде е срцето на Султанот – Величествениот?


Кон крајот на месецов тим унгарски истражувачи ќе објави извештај за тоа каде се наоѓа срцето на еден од најпознатите султани на Отоманска Турција. Меѓутоа, зошто ова станало важна нерешена историска загатка? Францускиот државник кардиналот Ришелје рекол дека тоа била “битката што ја спаси цивилизацијата”: опсадата на унгарскиот замок Сигет пред 447 години.

sulejman

Муслиманите Турци конечно го зазеле градот во септември, 1566 година, но претрпеле толку тешки загуби, меѓу кои смртта на нивниот лидер Сулејман Величествениот, што не се осмелиле да $ се закануваат на Виена во следните 120 години. Сега истражувачите копаат во земјата и архивите во потрага по срцето на добриот султан.

“Кога Унгарците одат низ територијата на замокот во Сигетвар мислат дека одат низ унгарски замок. Се разбира, тоа не е точно”, вели Норберт Пап, професор по географија на Универзитетот во Печуј, додека се шета со новинарот низ прекрасно реновираните бедеми од цигла. Се насмевнува. “Ова е всушност турски замок. Унгарскиот замок бил уништен во опсадата во 1566 година.”

Како брановидните ридови на околниот регион Желиц, секој свиток историски податоци за таа опсада и она што следело потоа се чини во себе крие уште повеќе. И секој од нив е нова верзија на настаните. Гледано површно, не е тешко да се разбере легендата.

Сулејман Величествениот пристигнал тука со ослабени 100.000 отомански војници во почетокот на август, 1566 година. Замокот му бил на патот за Виена, за што бил убеден дека ќе ја освои и ќе си го отвори патот за понатамошно освојување на големи делови од Западна Европа што ќе ги стави под своја власт. Воздухот трептел од звукот на големите воени барабани што и ден-денес се изработуваат во убавиот град Едрене. Меѓутоа, Миклош Зринји, командант на замокот, и неговиот гарнизон од само 2.300 луѓе толку храбро се спротивставиле, што Турците биле спречени во намерата. Зринји починал во последниот јуриш од замокот во пламен.

sultan44Сулејман починал во неговиот шатор, некои извори велат од изненадување од извојуваната Пирова победа. Сепак, имал 72 години и се борел против Унгарците веќе 40 години. Телото му било пренесено во Константинопол, но срцето му било погребано тука, во гробница што потоа станала католичка црква посветена на Дева Марија, или барем така пишува на плакетата на црквата Турбеки источно од градот. Меѓутоа тоа е само приказна, објаснува професорот Пап.

Плакетата таму ја поставил локален свештеник во 1916 година од политички причини. Во тоа време Унгарија, односно Австро-унгарската империја, била сојузник на Отоманска Турција, две древни империи што пропаѓале во крвта и калта на Првата светска војна, и им требале симболи на нивното вечно пријателство.

blue-mosque-sultan-ahmetСега, професорот Пап доби задача да го најде точното место каде е погребано срцето на Сулејман, исто така од политички причини. Односите меѓу Унгарија и Турција сега на големо се обновуваат. Двајцата премиери добро се согласуваат. Бројот на турски туристи што ја посетуват Унгарија лани се зголеми за неверојатни 45 отсто.

Меѓутоа, има само 500 легла во ова заспано гратче каде некогаш спиеле десетици илјади луѓе во шатори, слушајќи ги славеите, подготвувајќи се за битка. Од истрагата зависи изградбата на еден до два хотели со пет ѕвездички и понатамошната реставрација на замокот и низа споменици од отоманската ера.

Меѓутоа, сe зависи од наоѓањето на местото каде почива величественото срце на Сулејман. Има неколку мапи. На една од 1689 година дури и е обележано наводното гробно место. Останатите во воениот архив на Виена биле цртани за хабсбуршките трупи што го освоиле градот во 80-тите години на 17. век. Има уште информации во архивите на Ватикан, во Венеција, во Будимпешта и во Истанбул.

14041451-the-suleymaniye-mosque-was-built-on-the-order-of-sultan-suleyman-suleyman-the-magnificent

Професорот Пап и неговиот тим истражувачи ги прочешла сите. Нивните резултати ќе бидат објавени за јавноста на 20 септември. Дадена е дозвола за нови ископувања на местото што Пап не сака да го открие.

“Не се работи само за срцето на Сулејман, туку за реконструирање на секој слој историја и географија во изминативе 400 години, а ние веќе откривме многу”, провоцира професорот.
Мапите водат во погрешни насоки. Кога Хабсбурговците го освоиле замокот во 1689 година, српските доброволци во војската ги истерале преостанатите муслимани.

Германските католици повторно се населиле тука во 18. век. Дури и пејзажот се променил. Во исто време со отоманската окупација се случило и мини ледено доба, објаснува Пап.

sultan2

Таму каде денес се наоѓа потокот Алмаси порано имало бујна река. Сигет значи “остров” на унгарски, што се издигнал од мочуришниот предел што се создал од излевањето на реката.

Во близина се наоѓа Паркот на унгарско-турското пријателство, местото каде биле поставени шаторите на војската на Сулејман. И тука има гробница за Сулејман со свежо положено цвеќе, само симболична, вели професор Пап. Има и могила од бронзено доба што генерации локални жители по грешка ја викале “турски гробишта”.

Градоначалникот Јанош Колович е горд на неговите семејните корени што водат од Босна под турска окупација. Го отвора лаптопот да го покаже нацртот за новиот бетонски центар за посетители што ќе се гради веднаш до градската џамија.

Ова е унгарски дизајн и воопшто не им се допаѓа на Турците, вели тој натажено. Ако клекнете во џамијата ќе видите изгравирани графити на дервишите во гипсениот под, калиграфски слики со ликот на Бог што менјстрим исламот ги одбива.

hurem sultan

Некаде под џамијата во сувото унгарско тло, срцето на Сулејман чука сe побрзо и побрзо.

Кој е султан Сулејман

Султанот Сулејман Први е роден во 1494 година, починал во 1566 година. Познат е како Величествениот или Законодавецот, бидејќи го создал законикот што се користел стотици години.

Владеел со Отоманската империја кога била воено најмоќна, најбогата и културно влијателна.
Кога починал, империјата се протегала кон делови на Северна Африка, Балканот и денешна Унгарија.

Кој е Миклош Зринји – Никола Зрински

sultan

Хрватски благородник што им служел на Хабсбурговците. И Хрватите и Унгарците го сметаат за херој. Роден е во 1508 година и поголемиот дел од животот се борел против отоманците.

Внук му што го носи неговото име го напишал првиот еп на унгарски јазик за одбраната на Сигетвар.

Величествениот против Ердоган

На почетокот на протестите што неодамна ја зафатија Турција, новинарите издвоија еден маж со бујна брада од толпата млади луѓе на плоштадот Таксим во Истанбул.

Подоцна тој се сретна со турскиот премиер, како дел од групата што се надеваше дека ќе преговара со владата и демонстрантите.

Тој човек е Халит Ергенч и ужива меѓународна слава поради улогата на султанот (затоа има брада) во турската историска ТВ-драма “Величествениот” што е распродадена во десетици земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1