Нимиц: Тоа што им давал пари на грците немало врска со тоа што е посредник во спорот за името


Како државјанин на САД, јас поддржувам одредени американски кандидати поради нивните ставови за некои внатрешни прашања, и тоа нема никакво влијание на посредувањето во спорот меѓу Атина и Скопје, вели медијаторот Метју Нимиц во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

metju nimic

Нимиц во интервјуто беше прашан за обвинувањата на Мекедонците од Австралија кои неодамна објавија во австралиските весници на македонски јазик дека тој наводно финасирал американски конгресмен од грчко потекло на изминатите избори во САД, што преставува своевиден конфликт на интереси, бидејќи ја има улогата на посредник во спорот меѓу Грција и Македонија,

Нимиц вели дека поддршката што ја дал на одредени кандидати на  американските избори нема какво било влијание врз исполнувањето на неговата функција во Обединетите нации, што, тврди, ја  врши на непристрасен начин.

– Но, моја обврска како американски државјанин е да учествувам во нашиот изборен процес. Верувам дека се разбравме. На пример, пружам финансиска поддршка на мојата локална конгресменка уште од 1992 година, бидејќи според мое мислење врши многу добра работа во мојот округ, истакнува  посредникот во грчко македонскиот-спор за „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Запрашан дали е можна неогова оставка доколу се потврди дека финансирањето конгресмен од грчко потекло на изборите во САД е конфликт на интереси, и што мисли за предлогот за нов медијатор во спорот за името од ЕУ кој би работел заедно со него, Метју Нимиц дециден: „Сега,не сакам да коментирам повеќе,  особено во време на Генералното собрание на Обидинетите нации“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1