Цеца ја боли срцето – лекарите рекле мора да носи Холтер


Цеца има нарушено здравје.

Светлана Цеца Ражњатовиќ ќе мора да носи холтер (ја снима работата на срцето) за лекарите да можат да утврдат дали таа има сериозни проблеми со кардио-васкуларниот систем. Како што пишува српски Курир, таа во четвртокот бееше итно префрлена во во Клиничко-болничкиот центар „Др. Драгиша Мишовиќ“ на Дедиње, каде била прегледана на кардио-васкуларната клиника.

ceca2_1330427166_670x0_1379753216_670x0

– Цеца е примена во четвртокот нешто по 11 часот. Беше исцрпена, се жалеше на слабост и малаксаност. Имаше силна аритмија. После деталните прегледи, лекарите востановиле дка постои сомнеж за срцеви тешкотии.

За почеток, таа ќе мора да носи холтер за лекарите прецизно да можат да утврдат која е причината за нејзината лоша здравствена состојба, изјавил извор за српски Курир. На пејачката и препорачале да го „намали темпото“ и никако да не се изложува на стрес.

– лекарите и советуваа да избегнува стресни ситуации и атмосфера која може да и предизвика напнатост затоа што тоа е пресуден фактор кој влијае на влошување на состојбата кога се работи за крвниот притисок. Предупредена е дека мора да се одмара, додал изворот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1