Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 46-годишниот Ј.Д. за „затајување“.
Според податоците од МВР, пријавениот во текот на јули годинава, во својство на поштар вработен во АД Македонска Пошта – Подружница ЦРПС Скопје 1 Скопје ЕПМ 1060 Ѓорче Петров, противправно си присвоил парични средства кои му биле доверени, а кои требало да ги достави до крајните корисници со што ја оштетил АД Македонска Пошта за сума од 400.000 денари.
Поштарот на 18 јули лично се јавил во просториите на АД Македонска Пошта каде што напишал изјава дека паричните средства му биле украдени од возилото и затоа не ги доставил до крајните корисници.