Парламентарни избори се одржуваат во недела во Германија, на кои канцеларката Ангела Меркел се надева дека ќе го освои третиот мандат.
62 милиони Германци со право на глас да ја дадат довербата на една од 34 партии и 4.451 изборен кандидат. Околу 80.000 изборни места во 299 окрузи ќе бидат отворени до 18 часот, а набрзо потоа можат да се очекуваат првичните резултати од гласањето за 18. состав на Бундестагот.
Аналитичари и политиколози наведуваат дека оној кој сака да победи во Берлин ќе мора на своја страна да ги привлече мигрантите чие влијание се повеќе расте. Според анкетите, 59 годишната Меркел има голема предност пред нејзиниот противкандидат социјалдемократот Пеер Штајнбрук.
Но, иако владејачката Унија ЦДУ/ЦСУ и натаму е во предност, отворено е прашањето дали ќе може да владее во сегашната коалиција со Либерално демократската партија.