Скопјанка си заработи кривична пријава поради запуштање и малтретирање на малолетно лице.
Се работи за 26-годишната У.С. која е мајка на петгодишно дете родено во Белград, без пријавено раѓање и упис во МКР. Младата мајка грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување на нејзиното малолетно дете, го малтретирала и го тепала и му нанесувала телесни повреди.
Исто така, мајката со нејзината негрижа дозволила детето да се затруе со лекови.