Дрвените колци на кои биле поставени древните колиби, керамички садови, бронзени алатки, зборуваат за животот што се одвивал во водите на Дојранското Езеро кон крајот на вториот и почетокот на првиот милениум пред нашата ера.
Првата наколна населба во Дојранското Езеро е лоцирана кај воениот камп М’рдаја и тука веќе еден месец археолозите со возбуда ги поврзуваат нишките од древнто минато. Според Зоран Рујак станува збор за огромно културно и материјално наследство.
Покрај наколната населба кај М’рдаја, археолозите претпоставуваат дека има најмалку уште една наколна населба во Дојранското Езеро и тоа кај селото Николиќ, а нивното постоење било споменато и во списите на таткото на историјата, Херодот.
Археолошкото наоѓалиште кај М’рдаја го открија случајно минатата година, додека се чистело крајбрежјето на воениот камп. Проектот за негово истражување го спроведува струмичкиот музеј, во соработка со музејот од Гевгелија.
Kanal 5