Мајка го однела 4 год син во затвор на посета – го држела додека очувот го силувал детето


За една Французинка во понеделник почнува судење, по обвинение дека 4 годишниот син го однела во затвор на посета на неговиот очув, и го држела додека тој го силувал во собата за посети.

Двојката е обвинета дека ги покриле прозорците од собата со темни вреќи за да ги спречат стражарите да видат што се случува.

photo_1379942735858-1-HD25-годишната Сабина Бонер и очувот 31-годишниот Лионел Бартелеми, се обвинети за повеќе сексуални напади врз момчето, кое сега има осум години, и се наоѓа во заштита на социјалните служби.

Бартелеми ги признал силувања врз детето во собата за посети во Тул, во февруари 2010 година, но вели дека тоа бил изолиран случај, инициран од мајката. Таа тврди дека затворскиот инцидент не е единствен, туку дека силувања се случувале постојано, под закана од насилство на нејзиниот партер.

Судењето треба да трае три дена, а ќе расветли и зошто затворскиот персонал не знаел за силувањата што се случиле таму, кога дозволени се посети со надзор. Особено знаејќи го фактот дека Бартоломи лежи во затвор поради семејно насилство, а дијагностициран е и со шизофренија.

Адвокатот на малото момче вели дека мајката му ги врзала очите на детето и дека го ставила на колена на столица пред очувот и му ги држела рацете додека тој го силувал. Таа признава дека момченцето многупати сексуално било злоупотребувано во периодот од 2009 до 2010, и дека ги снимала со телефонот, а потоа му ја носела картичката на очувот во затворот за тој да може да ги гледа снимките во затворот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1