Сопственикот на Најк донира половина милјарда долари за истражување на ракот


najkКоосновачот на компанијата Најк Фил Најт и неговата сопруга ќе донираат 500 милиони долари за истражување на ракот што се спроведува на Институтот за здравје и наука во Орегон. Универзитетот во Поратланд  да собере уште 500 милиони долари од други донатори во наредните две години.

Доктор Џозеф Робертсон, претседател на Универзитетот изјави дека се напредува во истражувањата на третмани против ракот кои ги уништуваат болните клетки и со тоа го оневозможуваат канцерот да ги нападне здравите клетки.

Ова не е прва донација на Најт наменета за истражување и здравје – познат е дека постојано организира донаторски вечери за собирање пари за помош и промоција на истражувањата на нови лекови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1