Солзи и тага – Штип се прости од својот Дуле.


Стотици обожаватели, колеги, пријатели, роднини, па и оние кои не го познаваа, дојдоа да го испратат некаде пејачот, чиј живот прерано згасна.

Голем број колеги на Дуле од естрадата дојдоа да му оддадат последна почит и да се збогуваат со него – Каролина Гочева, Калиопи, Александар Белов, Бени Шаќири, Панки, Јоце Панов, Александар Митевски, Олгица Христова, Мики Секуловски и други

duleikoki

„Мораше да интервенира и брзата помош која беше распоредена во дворот на капелата и пред црквата, па на неколку повозрасни жени и им беше пружена лекарска помош, а лекарите мораа да интервираат и во моментот кога и се слоши на сопругата на пејачот, Љупка“, пишува Телеграф.
Оние што соработувале со него и имале можност да бидат во негово друштво ќе го паметат како добар другар и човек кој секогаш бил подготвен да помогне. А, фановите жалат што повеќе нема да го гледаат и слушаат на некоја свирка. Замина Дуле и остави празнина зад себе, но засекогаш ќе останат неговите песни полни душа и емоции. Збогум Дуле !!
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1