Кили од притвор итно префрлен во болница


Откако пред неколку дена во јавноста беше пласирана информацијата дека здравствената состојба на актерот Кили Поп Христов се влошува, сега тој е итно пренесен во болница.

kiliИмено, македонската телевизија Алфа јави дека адвокатите неколку пати го алармирале судот и затворските власти дека здравјето на Кили Поп Христов е загрозено и дека во притворот тој не може да се лекува.

Пред да биде приведен, поради производство на дрога, Кили веќе имал упат од лекар за операција на туморот на грбот, па оттаму и адвокатот побарал тој да остане во болница, каде што може да му се пружи соодветна помош.

Само како потсетување, Кили беше уапсен поради нелегално поседување и производство на дрога во викенд куќата во Визбегово. При претресот беа пронајдени две специјално опремени простории со неколку десетици саксии со стебла канабис сатива.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1