Македонија – зона без ГМО – бара ДОМ


Демократската обнова за Македонија (ДОМ) денеска ја одржа втората конференција од кампањата „ДОМ за заштита од ГМО“ на која информираа за законските прописи, нивното спроведување и работата на државните институции одговорни за семињата во Македонија.

makedonija gmo111Претседателот на ДОМ Лилјана Поповска истакна дека тие бараат Македонија да стане слободна зона односно територија без ГМО. Посочи дека до сега 5 општини изгласаа ГМО слободни зони, но дека е потребно и останатите градоначалници и совети да изгласаат такви зони со што би можеле да ги искористат привилегиите во развивање на еко туризмот и за сертифицирање на органската храна што ја произведуваат.

– Наша цел како зелена партија е да се спасиме од ГМО наездата, да си ја обезбедиме државата да не дозволиме влез на ГМО, бидејќи немаме можност за тампон зони за заштита. Од друга страна, Македонија има одлични услови за здрава органска храна во секој поглед и тоа треба да се искористи, рече Поповска.

Целта на кампањата, според неа, е повеќе луѓе да ја разберат суштината на ГМО со цел да се намали неговата употреба која може да предизвика последици по здравјето на луѓето.

Повеќе на – СТОП ГМО МК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1