Кумановец си нашол кредитна картица – си купил телевизор


credit-cardsKумановецот Т.А. (44) си купил телевизор со туѓа платежна картичка, соопшти МВР. Според полицијата, Т.А. во мај годинава пронашол изгубена картичка.

Тој преку интернет-страница купил телевизор така што ги искористил податоците на картичката за да го плати. Kумановецот добил телевизор вреден околу 11.000 денари за колку што го оштетил сопственикот.

Банката што ја издала картичката спровела истрага откако сопственикот ја пријавил за изгубена, па полицијата му влегла во трага на кумановецот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1