Бранко и Љубчо си договориле амнестија?


Дали Македонија во доцните 90-ти била заложник на политички договор што го склучиле Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски за нивен политички опстанок со меѓусебна амнестија на нивни евентуални криминални активности? Ваквиот договор би значел дека за нив не постоел ниту Устав ниту закон, а во нивен интерес бил ставен целокупниот државен систем, пишува Дневник.

Постоењето ваков скандалозен политички договор го отвори Чедомир Дамјановски, член на комисијата за лустрација.

ljubco-branko– Следените лица во досието „Темел“ биле опасност за безбедносниот систем на државата, а тоа што го правеле било голема работа. Тврдам дека тоа следење било од безбедносни причини. Според мене, целиот врв на партијата требало да биде гонет, притворен, обвинет и да одговара, но, најверојатно, е некој договор. Договор меѓу власта и опозицијата да не се гонат поради раскинување на националното ткиво. Апсолутно, според мене, го загрозиле поредокот.

Еден ден потоа, Дамјановски во изјава за „Дневник“ ретерира од првичните тврдења и вели дека нема сознанија за постоењето политички договор, туку само претпоставува дека тој се случил имајќи предвид дека тој е убеден од тоа што го видел во „Темел“ – дека првите луѓе на тогашната опозициска партија правеле криминални дејства.

Одамна се шпекулира дека таков договор постоел и тоа во насока дека двајцата политички лидери си ветиле дека нема еден за друг да водат кривични постапки при смена на власта, иако, според одредени информации, за нивното владеење имало индиции за такво нешто, особено во делот на приватизацијата на големите општествени претпријатија.

Борис Змејковски, дел од тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ  потврдува дека во 90-тите имало одредени контакти меѓу раководствата на двете партии, но дека тие биле правени единствено за државнички прашања.

– Сигурно за некои прашања не сме разговарале преку нишан, но во мое присуство никогаш не станало збор за политички договор со кој некој ќе амнестира некаков криминал дециден е Змејковски.

Од изјавите на Дамјановски се оградуваат и од опозициската СДСМ:

– Ниту постоел ниту може да постои варијанта за некаков договор од ваков тип – дециден е Петар Шилегов, портпарол на СДСМ.

Целата сторија на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1