Илјадници луѓе се собраа пред домот на Вицка во Меѓугорје, Босна и Херцеговина, да го видат светото чудо, гипсената статуа на Богородица која почнала сама да свети.
Статуата почнала да свети во понеделникот навечер, а вчера сите се обидуваа да го фотографираат ова чудо. По многу неуспешни обиди порталот „меѓугорјеинфо“ објави фотографии на кои се гледа како статуата Света Богородица свети.