Мртва жаба во лименка диетално Пепси
Фред ДеНери правел скара со своите пријатели кога посегнал за лименка ладно Пепси. Се обидел да отпие голтка, но наместо тоа се згрозил…
Кога се обидел да ја истури течноста од лименката, во неа забележал нешто слузаво. Освен што ја фотографирал лименката тој веднап повикал инспекција за да извршат анализа. Резултатите покажале дека одвратното слузаво суштество во лименката е мртва жаба.
Ај што била жаба туку истрагата покажала дека жабата во лименката немала внатрешни органи – што е многу чудно бидејќи доколку се распаднала во лименката и таму влегла сама, внтрешните органи би биле тука.
Во Пепси не знаеле како е тоа возможно и истакнале дека брзината на нивното производство не дозволува нешто да падне во лименката и никогаш не откриле како жабата се нашла во лименката.
Инспекцијата потврдила дека животното се распаднало во самата лименка што значи било таму и не може да е влезено откако е отворена лименката.
Човекот барал и некој вид на оштета и вели дека односот на Пепси откако се појавиле сликите во медиумите и откако тој повикал инспекција бил заканувачки – не сакале да комуницираат со него за никаква оштета.
Звучат како да не е нивна вина – а е нивна вина. Мојот сопруг се згрози и повеќе не сака ниту да види лименка пепси, изјавила неговата сопруга
Но со оглед на фактот дека вкусот на пепси се добива од клонирани фетуси на абортирани бебиња она што овој човек го нашол во лименката можеби и не е толку пострашно од она што веќе го има во самиот пијалок.
Похована кокошкина глава
Кој рече дека во МекДоналдс нема вистинско месо? Американката Кетрин Ортега за своите деца купила по еден Хепи меал оброк, но тогаш нејзината ќерка не сакала да ги изеде пилешките крилца кои биле во порцијата.
Откако решила да ја преземе работата во свои раце…
Налетала на испржената кокошкина глава.
Во ресторанот никој не знаел како да го објасни ова. Менаџерот и понудил 2 недели бесплатни оброци, но наместо тоа, мајката побарала оштета од 1000 долари на суд.
На глодарот му недостасувал опашот, што значи постои ризик и некој веќе да го изел.
Форс, човекот кој го купил овој леб, мислел дека е нешто од самото печење, некое затемнето ќоше, но откако исекол една кришка забележал крзно насекаде.
Произведувачите на лебот се казнети со 16.821 фунта.
Повторно жаба, но овој пат замрзната
Пред три години, Трим Хофман и неговата сопруга пронашле жаба во кеса со замрзнат зеленчук која ја купиле во локалната продавница.
Жабата очигледно е замрзната пред вакумирањето. Сепак, затоа што госпоѓа Хофман го купила зеленчукот за нивното кутре кое било на посебна исхрана, не се пожалила.