Рано утрината уапсени се претседателот Михалољакос, портпаролот Касидиарис и пратеници од Златна зора, а издадени се уште 36 налози за апсење на членови и пратеници од партијата.
За сега потврда има само за претседателот и портпаролот, а причините за сега не се официјално соопштени, но се претпоставува дека обвинението е злосторничко здружување, врз база на кое Врховниот суд ги издаде налозите за апсење.
Претседателот Никос Михалољакос и портпаролот и пратеник Илијас Касидјарис, во изминатиот период, негираа секаква поврзаност на партијата со убиството на музичарот или пак со било какви други инциденти за кои имаше докази дека зад нив стои Златна зора.
Ова е прв пат во Грција од 1974 годинада се уапсат лидер на партија и пратеници, без претходно да им се одземе имунитетот, а целиот случај да го води секторот за борба со тероризам.