Милиони килограми од билката „ Astragalus Membranaceus“ позната и како „Хуанг Ки“ се продаваат секоја година низ Азија. Сепак, многу Американци никогаш не слушнале за неа, а оние кои слушнале ја купуваат во огромни количини.
Станува збор за билка која е еден од најдобрите имунолошки природни лекови против замор. Растението е откриено во Северна Кина и Монголија каде го има со векови. Оваа билка во Азија се додава и во супи и е можеби најдобриот начин за зајакнување на имунолошкиот систем, кога се менуваат сезоните.
Во традиционалната кинеска медицина таа се користи со векови како билка која штити од бактерии, вируси замор, а се користи и како енергетски тоник и заштитник за панкреасот. Сепак, за секое автоимунолошко заболување како што се мултиплекс склероза, лупус и ревматоиден артритис, оваа билка треба да се користи под строга заштита на обучен билкар, бидејќи растението е познато како зголемувач на имунолошкиот систем и претерана употреба може да ја влоши состојбата.
Ако страдате од замор и имате ладни нозе билката е совршен додаток. Освен во природна форма, билката може да се најде во форма на гранули и таблетки. Гранулите се концентриран екстракт од коренот претходно варен и исушени и има многу повисока концентрација на активни состојки отколку суровиот корен.
Повеќе вести за здравје на –babinlek.com