Пејачот Наум Петрески предизвикал сообраќајка во Охрид и побегнал, јавува Охрид Нет повикувајќи се на неофицијални информации.
„Оваа информација доаѓа од такси возач од една охридска такси компанија кој синоќа бил во близина на местото каде се случил ударот.
Според неговото кажување тој го препознал фолк пејачот кој не застанал откако го удрил автомобилот пред него туку заминал по ,,Туристичка” кон излезот на Охрид кон Струга.
Од СВР Охрид не ја потврдија оваа информација и не прецизираа за имињата на возачите на возилата. Оттаму ни кажаа дека сообраќајната незгода се случила синоќа во 20 часот и 50 минути на пресекот на булеварот Туристичка и улицата Бистрица и дека во незгодата учествувале две патнички моторни возила, едното марка волксфаген со скопски таблички а второто BMW со охридски таблици.“ – пишува порталот.
Возачот на BMW то поминал со полесни повреди и по прегледот во охридкста болница Св. Еразмо бил пуштен на домашно лекување