Дали сте помислиле дека одлични а и здрави грицки може да се и јаболката и тоа во форма на сладок чипс. Еве како да ги подготвите
1 голема јаболка ( најдобро излегуваат зелените јаболка Granny Smith)
2 лажици кафеав шеќер
1 лажичка цимет
Јаболката се сечат на кришки се валкаат во смесата од шеќер и цимет и се ставаат во рерна. Се пече околу половина до 1 час а потоа јаболката се превртуваат на другата страна. Повторно се посипуваат со шеќер и цимет и се оставаат уште половина до 1 час да се печат. Оставете да се изладат и уживајте во здравиот чипс.