Последниот крал на кафеаните Тома Здравковиќ (Видео)


Пред 22 години запре гласот на последниот крал на кафеаните Тома Здравковиќ

Беше најголема ѕвезда на југословенката музичка сцена и неприкосновен крал на кафеаната, боем, поет, кантавтор… Тома Здравковиќ се запиша во вечноста на денешен ден пред 22 години. Почина на 53 години во Белград.

spek-tomaТома Здравковиќ не само што компонираше ги изведуваше своите песни, тој и ги оживеа и поради што и остана единствен. Текстовите на емотивните песни, кои зборуваат за невозвратени љубови и страдања, главно ги пишуваше самиот тој, а поголем број од тие песни се автобиогравски.

На широката јавност го претстави Силвана Арменулиќ, овозможувајќи му да настапува на нејзините концерти. Тој за возврат и ја подари песната „Шта че ми живот без тебе драги“.

Зад него остана незаборавни хитови како што се „Дал је могуче“, „Данка“, „Дотак`о сам дно живота“, „Кафана е моја судбина“, „Проклета недеља“, „Јелена“, „За Лилјану“ и многу други кои и денес се пејат.

Освен кафеаната и песната, ги сакаше жените и комарот. Се вљубуваше и трошеше немилосрдно. Сето тоа го одбележа неговиот боемски живот,  кој беше прекинат на 53 години.

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1