Субрата Рој: Барав земја без корупција, ја најдов Македонија!


Барав земја во светот која ќе биде без корупција за одржување на првиот фестивал и одлучив тоа да биде Македонија. Овој фестивал го започнуваме на 2. октомври, ова е меѓународен ден на ненасилството и ден на Махатма Ганди.

roj-564x272Воедно, голема радост ми е што сум овде во градот на мајка Тереза. Јас лично бев многу близок со мајка Тереза. Прилично сум елоквентен, но во моментов не можам да најдам зборови со кои можам да ја опишам нејзината личност….изјави Субрата Рој на отворањето на фестивалот на мирот.

На полупразниот плоштад се обрати организаторот на настанот, Индиецот Субрата Рој, кој со зборовите „Ве сакам сите од дното на моето срце“, на македонски јазик, ја поздрави публиката на плоштадот.

Некој ќе рече дека сум голем оптимист, но вечерва го избравме вистинското место да го одржиме фестивалот. Граѓаните на Скопје и Македонија со гордост ќе се сеќаваат на овааиницијатива“, изјави Рој.

Faktor.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1