Ако не се плаќа долгот навреме – ќе се плаќаат големи казнени камати


Казнени камати за секој ден задоцнување и глоби за фирмите, но и за државните институции, кои ненавремено си ги плаќаат обврските, предвидува Законот за финансиска дисциплина кој е во подготовка.

pariОсновниот рок во кој треба да се плати долгот е одреден на 60 дена, а доколку се согласат двата субјекта во приватниот сектор максимално може да се продолжи до 120 дена. Исти такви рокови се предвидени и за плаќање на обврските на државата кон приватниот сектор.

Доколку должниците не го испочитуваат законскиот рок за плаќање, ќе треба да плаќаат надоместоци, пред се во вид на казнена камата за секој ден доцнење, а ќе бидат предвидени глоби и казни и за одговорното лице во фирмата или државата институција и за самата фирма или институција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1