Во „Симпсонови“ ќе умре еден од главните ликови


Еден од ликовите во анимираната серија „Симпсонс“ ќе умре оваа година. можеби Барт, или Хомер, или Марџ. Во секој случај, продуцентите одлучиле: еден од главните ликови на Симпсонови нема да го дочека крајот на 25-та сезона.

Ова го потврди продуцентот на серијата Ал Џин на прес конференција.

simpsoni1_604115S1„Ќе ви дадам една мала помош. актерот кој го позајмува ликот кој ќе умре во оваа сезона освои Еми за та улога, но нема да ви кажам кој е тој“, рекол Џин.

Тешко е да се погоди затоа што скоро сите актер кои ги озајмиле своите гласови во Симпсонови освоиле барем едно Еми.

Дан Кастеланета е Хомер, Џулие Кавнер е Марџ, Ненси Картрајт е Барт, а Јеарли Смит е Лиса.

Во конкуренција се уште десетина актери, поголемиот од нив го позајмуваат гласот на најмалку два ликови, па не им е проблем ако продуцентите убијат некој од нив, затоа што нема да останат без работа.

Последниот ли во „Симпсонови“ беше убиен пред 14 години. Тоа беше ликот ма Мод Фландерс.

Сè уште неисполнета желба на продуцентите останува во популарниот серијал својот глас да го позајми некој американски претседател (додуша, тие еднаш го употребија снимениот глас на Теодор Рузвелт).

„Му понудивме на Никсон – не. Ова беше уште во почетокот на серијалот. Џералд Форд? Не. Џими Картер – ние, всушност, направивме една шега за него, го претставивме како најголемото чудовиште во историјата, која тој ја виде пред да му го испратиме сценариото. Па и тој рече не. Реган ни рече не, но ни напиша убаво писмо. Првиот Буш рече не. На Клинтон му пријдовме доста грубо, па и тој рече… ух, ова би му го компромитирало претседателствувањето. Па на крај се откажавме.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1