Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска оствари средба со Тони Блер, поранешен премиер на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Како што брифираат од Владата, средбата поминала во пријатна и пријателска атмосфера и позитивно биле оценети ваквиот вид на манифестации, кои за главна порака го имаат мирот и промоцијата на мирот.
На средбата било истакнато значењето на толеранцијата и соработката помеѓу народите, превенирањето и мирното решавање на конфликти.
Премиерот го запознал Блер со активностите на Владата во економијата, образованието, културата и ЕУ и НАТО интеграциите.
Поранешниот премиер на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска изразил задоволство од посетата на Република Македонија и настанот кој се организира.
Исто така, се размениле мислења и за светските економиски текови и унапредувањето на условите за економскиот раст и развој.