Непознати лица денеска отворија оган врз Амбасадата на Русија во либискиот главен град Триполи, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Непознатите напаѓачи се обиделе да влезат во Амбасадата.
Во инцидентот, според првичните информации, нема повредени дипломати.