Чукањето во дрво е вообичаена појава кај нас а со цел е спречување на злото кога се зборува за нешто добро. Дури и луѓето кои не се суеверни понекогаш чукнуваат во дрво.Во западната култура, против уроци луѓето најчето тропаат во дрво, три пати плукаат или фрлаат сол, а истражувањето покажа дека таа пракса, може да ја намали веројатноста за несреќа.
Откриено е дека лицата кои тропале по дрво, веруваат дека повеќе не им се случуваат баксузи, проклетства или можни несреќи, додека оние кои не го направиле тоа ги мачат црни мисли, па се изјасниле дека сега очекуваат да им се случи нешто лошо.
Научниците заклучиле дека ритуалот за „уништување на баксузлук“ воглавно вклучува движења со кои нешто се испраќа далеку од нас.
Студијата е објавена во весникот „Experimental Psychology”.