Убиена жена која со автомобил удрила во оградата на Белата куќа – имала дете во колата


Жена која што со автомобил се обидела да ја пробие оградата на Белата куќа била убиена пред зградата на американскиот Конгрес, а во нејзиниот автомобил имало и бебе, кое поминало без повреди. Полициската потера во Вашингтон завршила откако полицајците отвориле оган врз автомобилот на осомничената жена, при што таа била убиена.

bel kukja pukanjeЗградата која се наоѓа во близина на Капитол хил, која по налог на полицијата била затворена, во меѓувреме е отворена, а според неофицијални информации, повредени се неколку лица, вклучувајќи и еден полицаец, додека напаѓачот е фатен.

Дел од американските медиуми пишуваат дека дошло до потера за црно возило прво пред Белата куќа, па до Капитол хил каде имало пукотници.

Засега не е познато кој прв започнал да пука и колкумина се сериозно повредени. Неколку канцеларии на американскиот Конгрес се затворени поради овој инцидент.

Додека поедини новинари кои се наоѓаат внатре јавуваат дека првобитната криза поминала, репортерите кои се на лице место јавуваат дека информациите за пукотниците во Вашингтон се контрадикторни. Имено, како што наведуваат непозната е состојбата на ранетите во пукотницата, а кон местото се упатило и амбулантно возило.

Би-Би-Си јавува дека на новинарите, персоналот во Конгресот и туристите им било наложено да влезат во просториите на зградата.

На сите им било наредено да се затворат и да се оддалечат од прозорците и вратите.

За целиот инцидент бил информиран и американскиот претседател Барак Обама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1