Ако авионот ви доцни 3 часа – да имате право да ви платат оштета


Патниците во авиосообраќајот треба да имаат право на финансиска компензација во случај ако авионот им доцни три часа на лет во Европа, предложил Одборот за сообраќај во Европскиот парламент. Истовремено, се бара и промена на прописот за рачен багаж за да може во авион да се внесе кеса од фри-шоп или чадор. Нацрт-извештајот што го претстави пратеникот од редовите на десниот центар Георг Бах, добил поддршка од мнозинството од членовите на одборот.

sleep-airport1Европската комисија е под голем притисок од авиокомпаниите прописите за надомест на штета да останат колку може пофлексибилни, додека здруженијата на потрошувачите инсистираат на заштита на патниците во случај на доцнење и откажување летови.

– Денеска само два отсто од патниците што имаат право на компензација, истата ја бараат. Се откажуваат, плашејќи се од високите правни трошоци – вели Бах.

Тој критикува делови од оригиналниот предлог на Kомисијата, тврдејќи дека предлогот „нема никаква дополнителна вредност за патниците во споредба со сегашното решение“. Kако илустрација за своето тврдење, тој ја наведува должината на доцнењето која е услов патникот да побара надомест, од три до пет часа на кратки летови и од 9 до 12 часа на долги летови. Известувачот смета де овој предлог е неприфатлив и предложи доцнењето да биде прецизирано на најмалку три и девет часа. Патниците, исто така, би требало да имаат право на надомест од 300 евра во случај на тричасовно доцнење.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1