При крај се подготовките за поставување на рампа и наплата за влез во Националниот парк Пелистер. Официјалниот старт се планира околу 15 октомври.
„Определени се и цените за посетителите и тоа 30 денари по човек и 50 денари за автомобил, со можност да се извади и годишен билет за 1000 денари“, вели Цветановски.
На овој начин паркот ќе добие точна евиденција колку посетители доаѓаат на Пелистер, а средствата од билетите ќе се користат за унапредување на содржините за туристите.