Кувајт воведува детектори за геј личности – ако се позитивни на тестот нема влегување во земјата


Шест држави од Персискиот залив – Бахреин, Кувајт, Катар, Оман, Саудиска Арабија и ОАЕ ќе воведат медицински тестови за откривање хомосексуалци и нема да дозволат нивно присуство на териториите на државите, објави „Дејли мејл“. Тестот бил изработен во Кувајт.

06022013202105_gej brakoviСпоред кувајтскиот шеф во одделот за јавно здравје во Министерството за здравство, Јусуф Миндкар, властите ги зајакнуваат мерките со недозволување на присуство на мажи со хомосексуална ориентација на нивна територија. Според него, тие држави спроведуваат редовни прегледи на имигранти кога пристигнуваат на нивна територија, но сега ќе бидат преземени построги мерки.

Ричард Лејн од здружението за правата на хомосексуалците „Стоунвол“ смета дека одлуката е спротивна на човековите права и дека е залуден обидот за попречување на слободата на движењето.

Хомосексуалноста е забранета во 78 држави, а во Ирак, Саудиска Арабија, Јемен, Судан и во Мауританија за хомосексуалците е предвидена смртна казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1