Телото најдено во изгорениот хотел е на крадец кој го предизвикал пожарот?


Се претпоставува дека крадец кој се обидел да го ограби хотелот Д хаус на Попова Шапка го предизвикал пожарот и се пеплосал заедно со објектот, пишува МКД.МК.

pozar-granit-trup-01Ова се засега се уште првичните неофицијални резултати од истрагата која доцна во денот заврши на опожарениот хотел. Пожарот избувнал денеска околу пладне, а на изненадување на сите, пожарникарите откако го угасиле пожарот, пронашле пеплосано човечко тело.

Сопствениците велат дека последен пат биле во хотелот викендов и дека пред заминување, како и секогаш, го исклучиле доводот на електричната енергија.

Се претпоставува дека крадецот се обидел да се загрее внатре во хотелот.

Пожарот избувнал околу пладне најпрво во ресторанскиот дел за потоа да се прошири и да го зафати целиот хотел вклучувајќи ја и покривната конструкција.

На пожарникарите им требале повеќе од половина час да стигнат до местото на пожарот. Кога пристигнале, едното возило на Пожарната од Тетово се расипало, па останало само уште едно кое можело да го третира пожарот. Но, според очевидците, и без тоа било доцна бидејќи поради долгото чекање малиот хотел изгорел речиси до темел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1