Tikker е часовник со помалку морбидна функција. Тој ја има способноста да утврди уште колку ќе живеете, но истовремено ви дава прилика да го гледате одбројувањето. Па, на кој принцип функционира овој часовник?
Корисниците пополнуваат податоци за својата медицинска историја, како и за болестите присутни во семејството, дали пијат и пушат, а потоа ја додаваат возраста во податоците и часовникот почнува да одбројува.
Tikker е создаден од страна на Швеѓанецот Фредрик Колтинг кој одбива да го нарече часовникот морбиден, напротив, ова за него е среќен часовник. Тој вели дека часовникот е направен за луѓето повеќе да ги ценат преостанатите моменти.
Најгорниот дел од часовникот ги покажува преостанатите години, месеци и денови, додека вториот ред ги покажува часовите минутите и секундите.
Последниот ред го покажува локалното време.
Погледнете го видеото на: GSM.mk