Четворица припадници на Адвентистичката црква од седмиот ден се изведени пред суд во Франција поради измачување на 19-годишна девојка, која во обредот на „истерување на ѓаволот“ била распната на крст.
Тројца мажи и една жена се обвинети дека девојката ја врзувале како Христос на крстот и така ја држеле седум денови зашто верувале дека е опседната од ѓаволот.
Меѓу нив е и поранешно момче на девојката, Ерик Дерон, кој е обвинет за организирањето на нападот.
Црквата на Адвентистите од седмиот ден претставува протестантска црква распространета во целиот христијански свет. Најзначајни доктрини на Адвентистите се учењето за Второто доаѓање на Исус Христос и Божјиот морален закон.