Состојки
- 2 тиквички со средна големина
- маслиново масло
- 100гр рендан пармезан
- 100гр лебни трошки
- сол
- бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени целзиусови. На тава за печење нанесете мрсна хартија.
Тиквичките исецкајте ги на кругови со дебелина од 50мм и намачкајте ги со маслиново масло. Во посебен сад измешајте ги останатите состојки и секој круг тиквичка убаво натопете го во смесата и потоа убаво распоредете ги круговите врз мрсната хартија на тавата за печење.
Печете 25-30минути, или додека не добијат златна боја. Сервирајте веднаш.
ladybook.mk