Шпанските скали кои требаа да се градат на плоштадот во Скопје станаа зграда. Како што јавува весникот Вест, на првиот оглас не се јавила ниту една фирма за изградба на скалите, кои требаше да бидат лоцирани на просторот меѓу ТЦ “Сити галери” и ресторанот “Пелистер”.
– “За да се зголеми интересот кај фирмите, изработивме нов проект, кој сметаме дека ќе предизвика поголем интерес”, изјавуваат од министерството за транспорт и врски за весникот Вест.
Предвидено е зградата која ќе се гради на овој простор да да има приземје и три ката, а ќе се простира на 1.046 квадратни метри.
Почетната цена на јавното наддавање е 6000 денари за квадратен метар.
Инаку, претходно на овој простор требаше да се гради црквата “Свети Константин и Елена” но поради притисоците просторот се додели на Народната банка, за изградба на новиот објект.