Во тепачката, која што се случи синоќа околу 19 часот во близина на автобуската постојка, се повредени В.К. 16-годишен ученик и Р.К 17-годишна ученичка, и двајцата од Скопје.
Двајца 16-годишни ученици се повикани на разговор, а идентификувани се неколку лица кои учествувале во тепачката.
Тепачката се случи на скопскиот булевар „Трета македонска бригада“, кога ученици од средното хемиско „Марија Кири-Склодовска” и државно училиште за железнички и ПТТ сообраќај „Владо Тасевски“ почнале да фрлаат камења и тврди предмети едни кон други.