Цигарите на прилепскиот Тутунски комбинат се продаваат по повисоки цени.
Цигарите на Тутнскиот комбинат-Прилеп се со нова цена, повисока за 5 денари. Во малопродажба тврдото пакување Бренд се продава за 50 денари, а 19-ка за 40 денари.
Претходно зголемени беа цените на мекото пакување на цигарите Ориентал и Бренд и Рондо кратко.
Според овие измени, акцизата на цигарите постепено треба да се зголемува во наредните 10 години.