Турската полиција приведе 11 лица, поради сомнение за трговија со дрога и заплени 346 килограми хероин во операција, извршена истовремено во окрузите Истанбул и Хакари.
Операцијата била спроведена во соработка со турската разузнавачка служба МИТ.
Во акцијата во истанбулското предградие Силиври и во градот Јоксекова во округот Хакари се приведени вкупно 11 лица, меѓу кои двајца Македонци, еден Иранец и осуммина Турци.
Хероинот во Турција бил внесен од Иран, а дрогата требало да биде доставена до земјите во Европа.