Научниците на НАСА го истражуваат астероидот со име 1950 ДА кој е на пат да се судри со Земјата на 15 март 2880 година, голем околу еден километар во пречник, би можел да падне со брзина од 61 илјада километри на час. Се предвидува дека 1950 ДА во нашата планета би удрил со сила од 44.800 мегатони ТНТ, пренесува Дејли мејл.
Иако веројатноста да дојде до сударот е многу мала, само 0,3 отсто, тоа е сепак 50 отсто поголем ризик од судар со кој било друг сателит. Сепак научниците смируваат дека нема место за паника бидејќи е забележан навреме и има време да се совладаат сите методи за негово пренасочување и одвлекување од земјата.
Во моментов има 1400 астероиди кои би можеле да и се приближат на земјата. Некои од нив се со величина од 140 метри а ќе минат на растојание на 7,5 милиони километри од нас
Најновиот астероид 1950 ДА е откриен прв пат во 23 февруари 1950 година но по 17 дена следење им се изгубил на научниците – се до 2000 година кога повторно бил забележан и било пресметано дека според патеката на движење земјата му е на патот а ударот би бил на 16 март 2880