Не секој може да биде наставник и воспитува деца.
20 приправници наставници нема да добијат лиценца и дозвола за работа. Не го положиле психолошкиот тест со кој преку стотина прашања се откриваат карактеристиките на личноста и со кој се утврдило дека не се подобни за работа со деца. Иако повеќе од една година биле вклучени во образованииот процес, нивниот ангажман тука завршува, пренесува Сител.
Годинава тестот го полагаа 536 приправници. Министерот Ристовски смета дека овој механизам на детекција треба да се прошири и на веќе постојниот кадар.
По долгогогодишните најави, низата скандали со педофилија и злоупотреба на деца за прв пат се спроведе психолошкото тестирање кај наставниот кадар. Според надлежните тој треба да ги открие насилниците и менталниот сколп на просветните работници и со него да се елиминира секаков вид на насилство.