Апликација за следење на партнерот – испраќа копии од смс, кажува каде е, слушате што муабети


Апликацијата “Rastreador де Namorados”, се рекламира како “приватен детектив во џебот на вашиот партнер”. И кратко време беше во понудите Google Play, нудејќи помош да се следи движењето на партнерот, да добијат копии од пораките испратени од неговиот или нејзиниот мобилен телефон, со опција за прислушување на разговорот.

aplikacijaАпликацијата стана голем хит во Бразил и симната е повеќе од 50.000 пати.

Google понудата по некое време ја отстранил, затоа што многу луѓе укажуваат дека оваа апликација може да се користи на многу поперфиден начин. Таа веќе не се наоѓа на понудата, но сепак може да се симне од официјалниот сајт.

Компанијата се дистанцира од одговорноста со тврдењето дека станува збор за апликација за забава и дека првиот чекор при инсталирањето предупредува дека треба да побараат дозвола од партнерот.

Младиот креатор на апликацијата Grijo Mateus (24) вели дека е создадена како резултат на шега помеѓу него и неговата девојка, но додаде дека наскоро сфатил дека станува збор за вистински хит. Апликацијата е бесплатна, меѓутоа, ако платите два долари, иконата на апликацијата нема да биде видлива на мобилниот телефон на партнерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1