„Од тие пари дома и леб и лек и белешки што треба да ги плаќам, белешките еве ми се заостанати по 6 до 7 месеци, сега ќе ме дадат на извршител, а јас основица не можам да платам, а извршителот ќе ми земе по 10.000 до 15.000 денари. Немам пари да плаќам за такси и за преврски и инфекција ќе добијам оти пати немам и неможам да одам таму“, вели Јолески.
Не само Јолески, според информациите од прилепското Здружение на пензионери голем е бројот на граѓани кои секој месец се обраќаат за парична помош, бидејќи живеат со мали пензии, а имаат големи давачки за лекување. Околу 650.000 денари е годишниот фонд на здружението наменет за еднократна парична помош за социјално најзогрозените пензионери.