Педофил со ХИВ, силувал десетина момчиња – децата ги наоѓале на интернет


Педофилите Ли дејвис (39) и Антони Марш (53) заразен со ХИВ, признаа дека направиле 55 сексуални напади на десет момчиња со кои се спријателиле на интернет.

Тие го користеле социјалните мрежи како што се Фејсбук и Бебо, како и специјализирани сајтови за хомосексуалци за да се зближат со момчиња за сексуално да ги злоставуваат, соопшти англиската полиција, пренесува Нова Македонија.

siluvanoОткако би ги придобиле на мрежата, Марш, кој се занимава со трговија,  и невработениот Дејвис се сретнувале со момчињата и сексуално ги злоставувале. Како што се дознава, тие воспоставиле контакт со повеќе од 2.700 деца ширум Велика Британија,

За сега, идентификувани се 17 жртви, а тестовите покажале дека не се ХИВ позитивни.

Првата сексуална злоупотреба се случила уште во 2005 година, а десет момчиња за кои Марш и Дејвис признале дека ги злоставувале имале меѓу 13 и 17 години.

Полицијата од Јужен Јокшир тврди дека Дејвис ги снимал тинејџерите во својата куќа и во своето комбе, а се претпоставува дека Марш некои од снимките кои ги направил ги поставил на интернет.

Кога во декември ќе им биде изречена пресуда, ќе биде продолжена истрагата за можни други
жртви. Полициските инспектори соопштија дека Марш и Дејвис биле фамилијарни луѓе и дека нивните сопруги и деца не знаеле што тие прават.

Нема докази дека Марш и Дејвис се познавале пред да се запознаат на социјалната мрежа, но започнале да соработуваат и разменувале информации за можни жртви.

-Тие очигледно поминувале исклучително многу време на интернет настојувајќи да ја добијат довербата на овие момчиња, од кои многу биле исклучително млади и збунети во поглед на сопствената сексуалност- рече Долфин.

Двојката била фатена откако Маршал бил уапсен во мај 2012 година, откако во еден хотел во Скарборо, во северен Јоркшир, бил фатен со непристојни детски фотографии. Двајцата се наоѓаат во притвор и ќе бидат осудени на втори декември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1