Балканот не е мртов e македонски игран филм по сценарио на Роберт Насков, а во режија на Александар Поповски. Музиката ја има компонирал Кирил Џајковски.
Кратка содржина:
1905 година. Европа го достигна зенитот на славата …. Европејците се вџашени од технолошките достигнувања на Хенри Форд и браќата Рајт. Чудото со сликата во движење на Џорџ Молие и појавувањето на Сара Бернар ги забавува европските градови. Паради на радост и луксузни партии …
Создадени се нови скулптури, нови споменици, нови архитектонски гиганти се изградени насекаде. Европејците ја поздравуваат новата епоха која конечно ќе го обедини стариот континент, да стави крај на војните и донесе радост, напредок и благосостојба на човештвото. Во исто време, далеку на Балканот, големата Отоманската империја се распаѓа.