Ќе се казнува беснеењето по Маврово и Шара


Според првичната верзија на предлог-законот напишан од Министерството за животна средина, во иднина планинарските патеки би требало да имаат домаќин. Тоа би бил планинарски или велосипедски клуб, национален парк или друга организација што ќе мораат да се грижат дали се правилно обележани, исправни и безбедни за посетителите.

korab2Тоа опфаќа одредување на нивната траса, означување со маркички и табли за насочување, патокази, посипување на патеките со природен материјал и нивно зацврстување, поставување на заштитна опрема на опасни места. Знаците и таблите мораат да бидат на три до четири јазици. На македонски, на два странски јазици и на уште еден локален, ако во реонот живее население кое зборува на еден од јазиците на малцинските заедници во Македонија.

На почетокот на патеката треба да има портал и да биде означен степенот на тежината, односно дали патеката е лесна, средно тешка или тешка. Домаќинот мора да информира ако има оштетување, пречки, прекумерно или неправилно користење и нарушување на природата.

Ако клубот или организацијата не го направат тоа, тука се казните. Со предлогот се предвидува глоба од илјада евра за домаќинот, ако не ги исполнува обврските. Казни од 300 евра се предвидуваат за лица кои неправилно ги користат патеките и ја уништуваат сигнализацијата. Државни и локални инспектори за животна средина би требало да контролираат дали сè е во ред со одржувањето на трасите. Се предвидува и поединците или групите планинари да се движат со лиценцирани водичи.

Телеграф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1