Пред ГТЦ ќе никне деловен објект – избран понудувач


На електронско јавно наддавање, што се одржа во вторник, согласно јавната објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на државата за изградба на објект со комерцијални и деловни намени во Општина Центар, како најповолен понудувач се јави компанијата „Амадеус девелопмент” ДООЕЛ – Скопје со понудена цена од 93.100 денари за метар квадратен, односно вкупно 97.382.600 денари.

spanski skali gtcСе работи за неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план „Мал ринг”, донесен од советот на Општина Центар, со намена за изградба на објект со комерцијални и деловни намени.

Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесуваше 6.000 денари по метар квадратен, а депозитот за учество на јавното наддавање 700.000 денари. Површината на градежната парцела изнесува 1.046 м2.

По извршената уплата во утврдениот рок, Министерот за транспорт и врски склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот купувачот се обврзува во рок од девет месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено и да ги изгради објектите согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од шест години од денот на правосилност на одобрението за градење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1