Кога младите решиле да ги разгледаат внимателно куќите, виделе дека се целосно пусти, но како да се напуштени пред само неколку часа. Во една шпоретот бил уште топол, а на масата имало свежо варени компири. И часовниците чудно се однесувале – стреликте де вртеле брзо, де споро.
Село сениште мистериозно исчезнува , а потоа повторно се појавува во Сибир. По неколкуте тврдења на луѓе дека го виделе селото истражувачка експедиција тргнала пда го бара ова таинственото село, соопштија од Руската уфолошка истражувачка станица, пренесува списанието Паранормал.
Според локалните жители на областа Маљобка, некои од нив го виделе со своите очи ова мистериозно село. Еден од нив бил истражувачот Валериј Јакимов, кој раскажува дека кога бил на 14 години со неговите пријатели случајно завршиле во селото. Затоа и тој е еден од иницијаторите да се истражи овој феномен. Според него тој со другари бил на експедиција со бродчиња по реката која поминува низ Маљобка.
Застанале и излегле од чамецот со идејата да стигнат пеш до селото Каменка за кое знаеле дека се наоѓало во близина. Сакале да се одморат да јадат па да го продожат патот по реката. За да заштедат од патот младите тргнале по некоја шумска патека, за која мислеле дека е скратен пат. Наскоро стасале до сосема непозната област и пред нив се појавиле селски куќи, а не се работело за селото кое Каменка кое го знаеле. Мислеле дека се загубиле и дека сигурно многу скршнале од патот бидејќи никогаш претходно не слушнале дека на тоа место, пред селото Каменка има некое друго село.
Кога младите решиле сепак да разговараат со мештаните не нашле никој – ги разгледале внимателно куќите и утврдиле дека се целосно пусти, но како да се напуштени пред само неколку часа. Во една од овие градби шпоретот бил уште топол, а на масата имало свежо варени компири. И со часовниците се случиле чудни нешта. Стрелките на моменти се вртеле многу брзо, а друг пат тие го одложувале своето движење.Тие решиле да ги почекаат сопствениците, кои ќе ги насочат во вистинската насока кон дома. Додека чекале, тие задремале. Потоа ги пронашол еден камион, кој бил полн со луѓе кои патувале кон блиското село. Кога камионот ги нашол тие спиеле на земја опкружени со дрвја – а од куќите ниту трага. Заминале во соседното село но со немир – сакале да се врата назад повторно да го најдат селото – оделе по истата патека но не успеале да го најдат.
Според Николај Суботин овој чуден случај може да се објасни само со феноменот хрономиражи, кај кои се забележуваат видливи слики на населби или историски настани, оддалечени на голема далечина или се случиле назад во минатото. Така може да се видат објекти кои всушност постоеле пред илјадници години. Научниците во моментов го изучуваат овој феномен за дали може да биде паралелна реалност или портал за преминување низ времето и димензиите. Според некои истражувачи пак се работи за чиста фатаморгана или пак прикаска која ја кажуваат селаните од овој реон. Многумина не веруваат во прикаската на рускиот истражувач за мистериозното село каде шпоретот е топол а куќите напуштени. Како и да е оваа прикаска привлекува многу туристи љубители на паранормалното кои се надеваат дека и тие ќе го најдат мистериозното село.